Шведската активистка Грета Тунберг денес замина од Израел, откако беше приведена на бродот „Мадлин“, кој носеше хуманитарна помош за Газа, информираше израелското Министерство за надворешни работи.
Пловидлото беше запрено од израелските сили вчера во интернационалните води.
Тунберг се качи на авион за Франција, од каде ќе патува кон Шведска, се вели во објавата на израелското министерство.
“Тунберг беше качена на лет за Франција, од каде ќе продолжи кон Шведска”, се наведува во соопштението на израелското Министерство.