22/05/2025

ГРАНД ДОНЕСЕ ОДЛУКА ПО СМРТТА НА САША ПОПОВИЌ: Еве што ќе се случи со продукцијата и емисиите на Саша Поповиќ


Основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ, почина вчера, на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.


Покојниот креативен директор на Гранде се лекуваше во онколошкиот институт Густав Руси во Вилезиф, предградие на Париз, каде ги помина последните денови, опкружен со своето семејство и најдобриот тим лекари.


Овогодинешната сезона на „Ѕвезда Гранда“ започна во септември 2024 година, но за прв пат без Саша Поповиќ. Него го замени водителот Воја Недељковиќ, но цело време се консултираше со режисерот иако го немаше. Поповиќ бил свесен за сите случувања на снимањето, па ја следел емисијата и и давал инструкции на екипата и покрај неговата лоша здравствена состојба.

Поради смртта на шоуменот и творец на најгледаниот ТВ-формат, синоќешната епизода на „Ѕвезда Гранда“ беше откажана и не се емитуваше на Телевизија Пинк.


Гранд продукција исто така го откажа целото снимање на шоуто за следната недела.

Детали за местото и времето на погребот ќе бидат објавени подоцна.


Курир.рс