Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски продолжи со директни средби и посети на компании, а денеска оствари средба со претседателот на Регионалната стопанска комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, посетувајќи ги неговите компании „ВЕМИЛК“ и „Хемометал“.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштуваат дека на средбата со градоначалникот Коњановски, бизнисменот Велковски информирал за резултатите од работата на „ВЕМИЛК“ формиран во 2017 година и за компанијата „Хемометал“ основана во 1990 година.
Покрај за успешното работење, Велковски го информираше градоначалникот Коњановски, дека како регионална стопанска комора особено се задоволни од соработката со локалната самоуправа, што дополнително се потврдува и со учеството на претставници на комората во Локалниот економско социјален совет и изработката на Стратегијата за локален економски развој на општината во следниот петгодишен период, соопштија од Општина Битола.мт/лв/