17/06/2025

Годишното издание „Global Azure Skopje 2025“ ќе ги донира средствата за помош на семејствата на настраданите во Кочани


Годишното издание на “Global Azure Skopje 2025” ќе се одржи денес во “InnoX Innovation Center” во Скопје. Овој настан истовремено се организира во повеќе од 50 земји низ светот.


Како што известуваат од македонската “.Net” заедница, овогодинешниот настан во Македонија ќе биде со целосно добротворен карактер. Сите прибрани средства ќе бидат донирани за поддршка на семејствата погодени од пожарот во Кочани.


Секој заинтересиран ќе може да “купи карта” со донација преку платформата Ecrowd.mk (https://ecrowd.mk/digital-donation-box/d2947ad9-6c99-4645-8f0a-f57f684c0b3f), а за сите корпоративни пријатели и поддржувачи се достапни опции за директни донации во соработка со Support Kocani (https://supportkocani.com).

“Со овој чекор, настанот да добие хуманитарен карактер, сакаме да покажеме дека технологијата и заедницата одат рака под рака. Подготвени сме не само да споделуваме знаење и искуства, туку и да подадеме рака таму каде што помошта е најпотребна,” стои во објавата.


На “Global Azure Skopje 2025” ќе може да се проследат предавања и практични сесии водени од експерти од областа на “Microsoft Azure” и “Cloud” технологии. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови од областа на Microsoft.

“На овој настан се добредојдени сите заинтересирани професионалци, студенти и ентузијасти кои би сакале да научат нешто, но и да придонесат за хуманата мисија на оваа иницијатива. Целата сума собрана од овој настан ќе биде донирана,” се наведува во соопштението.


За повеќе информации околу настанот и агендата: https://glazuremk.github.io/public-website/
Упатство за донирање: https://www.youtube.com/watch?v=T6f3R3SUNps

Извор: МИА / Фото: Принтскрин