11/03/2026

Фото: https://unsplash.com/photos/a-large-body-of-water-surrounded-by-mountains--5bu6ntR1pw

Германија нема да отвора конзулат во Гренланд


Германија, за разлика од Франција, во моментов нема намера да воспостави целосен конзулат на Гренланд, според информациите од ДПА.


„Сојузната влада веќе има претставник на Гренланд преку почесен конзул“, извести денеска Министерството за надворешни работи на Германија, нагласувајќи дека во овој период не се предвидува отворање на конзулат.


Франција претходно објави дека отворила генерален конзулат на Гренланд, со што стана првата земја од Европската Унија која го направила овој чекор.

Претседателот Емануел Макрон минатиот јуни веќе најави формирање на генерален конзулат во Нуук, потсетува германската новинска агенција.


Во исто време, претседателот на САД, Доналд Трамп, го изрази своето настојување да стекне контрола над Гренланд, кој територијално е дел од Кралството Данска.

Оттогаш, американскиот претседател го засили својот притисок, иако минатиот месец ја отфрли можноста за употреба на воена сила, според информациите на ДПА.