Формула Е и ДХЛ, официјалниот основач и логистички партнер на Светскиот шампионат во ABB FIA Формула Е, објавија продолжување на повеќегодишното партнерството започнувајќи ја ерата на третата генерација автомобил, Gen3 болидот, кој ќе продолжи да ја истакнува важноста на одржливоста, низ градовите ширум светот.
ДХЛ е официјален основач и логистички партнер на првиот светски шампионат за целосно електричен мотоспорт од септември 2013 година. Со 40-годишно меѓународно искуство во мотоспортот, ДХЛ беше особено значаен во претворањето на концептот на целосно електрични трки во реалност со инаугуративна трка во Пекинг една година подоцна. Оттогаш, ДХЛ ја поддржува Формула Е преку пресвртната 100-та трка која заврши минатата сезона во Сеул, Јужна Кореја, кој исто така, беше и 26-тиот светски град домаќин на Формула Е.
Сезона 9 и Gen3 ерата стартуваа со Hankook Mexico City E-Prix, 2023. На трката, се прикажа Gen3 – најбрзиот, најлесниот, најмоќниот и најефикасниот електричен тркачки автомобил некогаш изграден, за време на Сезона 9 ќе бидат одржани 16 трки во 11 познати светски градови, вклучително и за првпат посети на Хајдерабад, Кејп Таун, Сао Пауло и Портланд, Орегон.
ДХЛ обезбедува најсовремена одржлива логистика, инкорпорирајќи приспособен мултимодален транспорт, вклучувајќи и патен и поморски транспорт, што ја максимизира ефикасноста и ги намалува емисиите на CO2. Преку користење на биогорива за целиот патен и поморски транспорт, ДХЛ ќе ги помине очекуваните 89.100 километри за претстојната сезона, транспортирајќи приближно 415 тони вреден товар по трка, вклучувајќи тркачки автомобили, батерии, единици за полнење, опрема за емитување како и опрема за маркетинг и угостителство.
„ДХЛ помогна да се оживее Формула Е и оттогаш е наш ценет партнер“, вели Мет Скамел, комерцијален директор во Формула Е. „Задоволни сме што нашето партнерство ќе продолжи бидејќи заедно ја започнуваме Gen3 ерата каде што се тркаме, со најсовремени иновации, поместувајќи ги границите на развојот во EV технологијата и дефинирајќи ја иднината на мотоспортот. ДХЛ игра клучна функција во испораката на секој тркачки настан ширум светот, преку врвни решенија за ефикасност и одржливост, што ги прави совршено прилагодени за првенството и нашата мисија“.
ДХЛ и Формула Е ќе продолжат да ги рефлектираат заедничките вредности преку платформата „Together Green“, бидејќи жолтата боја на ДХЛ и сината на Формула Е се комбинираат во визија за позелена иднина. Активностите ќе вклучуваат, но не се ограничени на, соработка за одржлив развој низ новите и старите тркачки терени, притоа прикажувајќи ја возбудата на Формула Е.
„Формула Е не е само спорт, туку и визија за иднината во која сите можеме да бидеме дел. Ја споделуваме истата визија за позелена иднина и горди сме што сме основачки и логистички партнер на Формула Е од нејзиното основање“, вели Арјан Сисинг, раководител на глобалниот маркетинг бренд на Групацијата Deutsche Post DHL. „Досега, нашето долгогодишно партнерство беше многу возбудливо, работејќи заедно за промовирање на одржливост низ целиот свет. Со нетрпение очекуваме да го продолжиме зеленото патување заедно“.
Како пионер во зелената логистика, во 2008 година ДХЛ стана првата логистичка компанија која се обврза на мерлива цел за јаглеродна ефикасност, ветувајќи дека ќе ја подобри ефикасноста на јаглеродот за 30% до 2021 година (наспроти 2007 година). Оваа цел беше постигната во 2016 година, четири години пред предвидениот рок, додека во март 2017 година, ДХЛ објави обврска за постигнување нула емисии до 2050 година. Во 2021 година, Групацијата DPDHL се обврза да инвестира 7 милијарди евра во активности за чиста околина и климатски неутрална логистика до 2030 година. Средствата ќе се користат да се електрифицираат 60% од возилата за достава до крајна дестинација до 2030 година, ставајќи повеќе од 80.000 е-возила на патиштата.