Breaking News

Формиран Управен комитет за координација и изработка на национална стратегија за безбедност


Ќе се изработува национална стратегија за безбедност.


На седница на Владата денеска е усвоена Информација за потребата за изработка на стратегијата и е донесена Одлука за формирање Управен комитет за координација и изработка на овој документ.


Во Комитетот ќе учествуваат претставници на Владата и сите министерства, како и од Канцеларијата на Претседателот на Владата.

Од владината прес-служба во образложение за одлуките истакнуваат дека националната безбедност е основа за просперитет на државата и оти само безбедна средина може да обезбеди функционирање на зрел и демократски уставен поредок, одржлив економски раст, заштита на човековите права и слободи и одржливост на граѓанското општество.


-Со оглед на изменетите околности во безбедносната средина настанати на европскиот континент, меѓу кои и воената агресија врз суверена и демократска држава на европскиот континент, како и постојаната закана од активни малигни актери и нивните обиди директно или индиректно да ја влошат постојната рамнотежа, постојат повеќе прашања околу обезбедувањето храна, енергија и клучни суровини, што влијаат врз стабилноста и потенцијалот за развој на одделни земји и региони, коишто треба да се разгледаат од призма на сегашниот геополитички и безбедносен контекст, информира владината прес-служба.

лв/фото:МИА архива  .


Извор: МИА