15/02/2026

Финансиската полиција активно се вклучи во акцијата за контрола на кабареата, дискотеките и ноќните клубови


Финансиската полиција денес објави дека зема активно учество во обемната операција за проверка на функционирањето на објектите кои работат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ државата и дејствува согласно нејзините законски овластувања.


Според нивните зборови, сите ресурси на Финансиската полиција се ставени на располагање за потребите на оваа операција, која има цел да пронајде потенцијални нерегуларности и недозволени дејствија во работењето на овие објекти.


Операцијата се концентрира на идентификување на финансиски злоупотреби, избегнување на даночни давачки, илегално работење и други пропусти во финансиското работење на угостителите.

Истовремено, како што се наведува во соопштението, истражните тела се насочени кон откривање на сите аспекти кои би можеле да резултираат со казнување на оние кои не ги почитуваат законите и прописите.


„Во тесна координација сме со сите институции и работиме посветено на целосно отстранување на сите неправилности во насока на обезбедување на почитување на законите и регулативите“, се вели во соопштението.

„Се преземаат сите потребни мерки и активности за санкционирање на секој вид на неправилности кои ќе бидат утврдени во текот на акцијата“, стои во објавата од Финансиската полиција.


цр/ев/Фото: МИА архива
Извор: МИА