Состојбите и условите во казнено – поправните установи, како и преземање на активности за подобрување на состојбите, спречување на корупцијата, насилството и соодветен третман на осудените лица, биле теми на разговор на денешната средба на министерот за правда Игор Филков со в.
д директорот на Управата за извршување на санкциите (УИС), Александар Пандов.
Како што соопшти Министерството за правда, на средбата договорено е во наредниот период да се интензивира реализацијата на Проектот за „Реконструкција на казнено-поправните установи“ кој се спроведува со кредит од Банката за развој на Светот на Европа.
-Успешната реализација на Проектот претставува само една од основите за подобрување на целокупната состојба со условите во затворите, постапувањето со притворените и осудените лица како и постигнување на ресоцијализација на лицата кои издржувале казна затвор, информираат од Министерството за правда.
дма/нд/Фото: Министерство за правда .
Извор: МИА