– Европската комисија денеска одобри германска државна помош од пет милијарди евра за новата фабрика за микрочипови на Европската компанија за производство на полупроводници (ЕСМК) во Дрезден.
ЕСМК е заедничко вложување помеѓу Taiwan Semiconductor Manufacturing Company (TSMC), Bosch, Infineon и NXP.
Поддршката за ЕСМК, одобрена според правилата за државна помош на ЕУ, ќе придонесе за подобрување на европската безбедност на снабдување и отпорност, како и за дигиталниот суверенитет во полупроводничките технологии.
Тоа ќе придонесе и за дигиталната и зелената транзиција, објави Европската комисија.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на церемонијата на поставување на камен-темелникот на фабриката во Дрезден рече дека новата фабрика е потврда за Европа како глобална моќ во иновациите, дека ја зајакнува технолошката отпорност и значи создавање на 11,000 работни места низ Европа.
Се проценува дека изградбата на фабриката ќе чини вкупно десет милијарди евра.
Новата фабрика ќе снабдува чипови со високи перформанси и ќе биде „отворен тип“, што значи дека секој клиент, а не само акционерите на ЕСМК, ќе може да нарача производство на специфични полупроводници.
мс/фото: МИА архива .
Извор: МИА