10/07/2025

ЕППО: Двајца екс-министри од Грција вмешани во злоупотреба на европски земјоделски фондови


Европското јавно обвинителство (ЕППО) достави известување до Собранието на Грција во врска со потенцијално учество на двајца екс-министри во проневера со аграрните дотации од Европската Унија.


Пред извесно време, Брисел ја санкционираше Грција со сума од 400 милиони евра поради долгогодишната измама поврзана со финансиските средства на ЕУ наменети за земјоделството.


Со години наназад, грчки државјани добивале дотации врз основа на лажни договори за имотни права или закуп на земјиште, без притоа да произведуваат ништо.

Како резултат на оваа злоупотреба, Владата на Грција ја укина Агенцијата која беше надлежна за распределба на повеќе милијарди евра земјоделски субвенции од ЕУ.


Во објавата на ЕППО не се спомнуваат имињата на грчките министри, меѓутоа, според неофицијални извори, станува збор за Макис Воридис, кој беше министер за земјоделство од 2021 до 2023 година и Лефтерис Авгенакис, кој ја вршеше истата должност во периодот од 2023 до 2024 година.

Според грчките закони, единствено Парламентот има право да спроведе истрага и кривично да гони актуелни и поранешни членови на владата, што ЕППО, кое е формирано да ги истражува злоупотребите на фондовите од ЕУ, нема право да отвора такви случаи во Грција.