Екипи на ЈКП „Дервен“ утрово ќе излезат на терен за санирање на дефектот на главната велешка улица „Благој Ѓорев“ на потегот од „Панини“ до споменикот на Панко Брашнаров. Жителите на овој дел од градот од синоќа немаат вода во своите домови, информираат за МИА од РЦУК Велес.
Водата им е сопрена поради дефект на водоводната мрежа, кој се случи синоќа во 19:15 часот на ул. „Благој Ѓорев“ бр 66, кога поради дефектот на водоводната мрежа беше поплавен и дуќан.
Од РЦУК Велес појаснуваат дека синоќа веднаш интервенираче дежурната екипа на ЈКП „Дервен“ и четири пожарникари од ТППЕ од Велес со две противпожарни возила.
Интервенцијата на испумпување на водата во дуќанот пожарникарите ја завршиле во 20:10 часот информираа од ТППЕ Велес.
Од РУЦК Велес велат дека екипата на ЈКП „Дервен“ била повлечена од терен синоќа во 20:45 часот, а работата на санирање на дефектот ќе ја продолжи утрово.ад/
А.Д.