27/04/2025

Двајца новинари убиени во Мексико за помалку од 24 часа


Двајца мексикански новинари се убиени за помалку од 24 часа во западните мексикански држави, јавија британските меидуми.


Во западната држава Колима, вчера попладне беше убиена познатата новинарка Патриша Рамирез, позната и по нејзиниот псевдоним Пети Банбери.


Претходно, во градот Уруапан, во западната држава Мичоакан, која за зафатена со насилства, беше убиен новинарот Маурицио Круз, кој работел за локален канал за вести.

Ова се првите убиства на новинари во Мексико откако претседателката Клаудија Шејнбаум дојде на власт. Мексико е една од најсмртоносните земји во светот за новинарите. сд/фото:МИА архива .


Извор: МИА