Донација за домот за деца без родители „11 Октомври“: Радост и нови можности од средствата собрани на годинешната Детска трка на Виталиа


 


Виталиа и оваа година продолжува со својата традиција на поддршка за заедницата преку донации. Со средства собрани од годинешната Детска трка, компанијата обезбеди помош за домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, носејќи радост и создавајќи нови можности за младите корисници на оваа институција.


Донацијата вклучува училишни материјали, но и опрема која ќе ја подобри секојдневната функционалност на домот. Обезбедени се нови фрижидер, шпорет, компјутер, принтери и друга неопходна опрема, која значително ќе го олесни животот на децата и вработените во институцијата.

Средствата за оваа донација се собрани благодарение на учесниците и поддржувачите на Детската трка организирана од Виталиа. Оваа спортска и општествено одговорна иницијатива, која ќе се одржува секоја година, има за цел не само да ги промовира спортот и здравите навики кај најмладите, туку и да придонесе за подобра иднина на децата на кои им е најпотребна поддршка.


Детската трка е повеќе од спортски настан – таа е мост кој ги обединува заедницата, семејствата и компаниите во заедничка мисија за поддршка на најмладите. Горди сме што преку оваа иницијатива успеваме да донесеме значајни промени во животот на децата од домот ’11 Октомври’“, истакнуваат од Виталиа.

Ваквите активности се дел од посветеноста на Виталиа за подобрување на благосостојбата во заедницата. Преку донации, промоција на здравата исхрана и поддршка за младите, компанијата продолжува да биде пример за колективна одговорност и позитивно влијание.


Секое дете заслужува можности и позитивни примери кои ќе ја градат нивната самодоверба и ќе ги поттикнат кон успех. Со оваа донација не само што обезбедуваме материјални добра, туку вложуваме и во нивната иднина“, додаваат од компанијата.

Со оваа донација, Виталиа уште еднаш потврдува дека заедницата и грижата за најмладите се во срцето на нејзината мисија.