„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски избран за Европските филмски награди


Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој неодамна ја имаше својата светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, влезе во групата на филмови кои ја комплетираат годинашната селекција за 36.


издание на Европските филмски награди, соопшти денеска Европската филмска академија (ЕФА).


Избрани се 19 играни филмови, а во потесниот избор се додадени уште 21 филмски остварувања, па финалната селекција содржи 40 европски филмови од вкупно 31 европска држава.

Од денеска до 7 ноември членовите на Европската филмска академија ќе имаат можност да гласаат за избраните филмови, по што врз основа на гласовите, ќе бидат објавени номинациите во категориите: најдобар европски филм, режисер, актер, актерка, сценарист и европски документарен филм.


-Избраните филмови дополнително ќе бидат земени во предвид и за наградите во категориите за најдобра кинематографија, монтажа, продукциски дизајн, костимографија, шминка и фризура, оригинална музика, звук и визуелни ефекти.

Тие ќе бидат избрани од осумчлено жири составено од претставници на различни уметности и професиии, се наведува во соопштението на ЕФА.


Свеченото доделување на наградите, познати како европски Оскари, е закажано за 9 декември 2023 во Берлин.

„Домаќинство за почетници“ е избран и за годинашен македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“, а во скопските кина ќе почне да се прикажува од 12.


октомври. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, а преку компанијата Focus Features ќе биде дистрибуриран на територијата на САД.  љм/са/Фото: ЕФА   .

Извор: МИА