Breaking News

До 70% стипендии за најталентираните студенти – Challenge Day


Qinshift Academy (поранешен Сеавус едукативен и развоен центар) го организира второто издание на традиционалниот „Challenge Day- vol.2’’, за кој одвои 30.000 евра за стипендирање, каде најперспективните и најталентираните учесници ќе имаат можност да добијат до 70% стипендија за академиите во различни IT области.


Настанот ќе се одржи на 19ти (четврток) и 21ви (сабота) септември, во просториите на едукативнитe центри во Скопје и во Охрид.


“Продолжуваме со традицијата на наградување на најдобрите како вистински начин да помогнеме некому трајно да ја промени и подобри својата иднина. Токму затоа, Challenge Day не е само обичен натпревар за вредни награди туку потврда на нашата континуирана заложба, мисија и одговорност преку квалитетно образование да менуваме животни приказни на подобро, – изјави Весна Иваноска, генерален менаџер на Qinshift Academy.
Сhallenge Day ќе ги опфати академиите на Qinshift Academy и тоа за мрежи и IT Ops, сајбер безбедност, софтвер тестер, графички дизајн, гејм дизајн, веб дизајн со фронт-енд, UI/UX, програмирање и дигитален маркетинг.

Пријавувањето за овој настан е бесплатно, а сите заинтересирани за учество на „Challenge Day“ треба да го пополнат формуларот за апликација.


Дополнителни информации во однос на овој настан може да добиете од одговорното лице Славица на телефонскиот број 075 334 547.