Преговорите со превозниците се во тек, а според Николоски, постои доволно време да се најде трајно решение за нивните барања.
„Дијалогот се води и има простор за дискусија, така што сите страни можат да постигнат согласност за најдобро решение“, изјави Николоски, истакнувајќи дека приближувањето до финални решенија бара внимание и детално разгледување на опциите.
Според него, брзите или непромислени одлуки не се решение за долг рок, и затоа преговорите ќе продолжат се додека не се постигне договор кој ќе ги задоволи и превозниците и јавниот интерес.
Надлежните институции, заедно со претставниците на превозниците, се очекува во следните денови да утврдат конкретни мерки за регулирање на транспортот и обезбедување стабилност во секторот.
Извор: МИА
biznisvesti.mk портал