Џафери, Бочварски и Рустеми на поставување камен – темелник за изградба на обиколница на Тетово


Премиерот и министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Талат Џафери и Благој Бочварски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска ќе присуствуваат на поставување камен – темелник за изградба на обиколница на Тетово.


Како што информираат од владината прес-служба, предвидено е и нивно обраќање на настанот. Станува збор за локација што се наоѓа меѓу селата Требош и Џепчиште. бд/аа/Фото: МИА архива .


Извор: МИА