17/06/2025

Денес САД и Кина започнуваат трговски преговори во Швајцарија


Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент и трговскиот претставник Џејмисон Гриер, денес ќе се состанат во Швајцарија со кинескиот вицепремиер Хе Лифен. Ова е прва рунда преговори меѓу двете земји во период на светска нестабилност предизвикана од трговските спорови, објави ДПА.


Овие разговори во Женева ќе бидат детално анализирани, особено поради трговската конфронтација започната од тогашниот американски претседател Доналд Трамп. Тој воведе давачки од минимум 10 проценти на сиот увоз во САД, како и други пречки за голем број трговски партнери, што предизвика големи турбуленции на берзите и финансиските пазари.


Иако голем дел од предвидените давачки беа отстранети со цел да се овозможат трговски преговори, одредени царини до 145 проценти остануваат активни за кинеските производи. Како одговор, Пекинг воведе царини до 125 проценти за американските производи.

Овие преговори во Женева се прв чекор од двете страни, кои претходно главно се обидуваа да заземат подобра позиција.


Постојат знаци дека Вашингтон би можел да биде расположен за намалување на царините. „80% царина за Кина изгледа правилно! До Скот Б. “, напиша Трамп вчера на социјалните мрежи.

ссм/фото: архива.