Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денес во 11 часот ќе се реализира Отворен ден за лекторите, информираа од Здружението на лектори на РСМ.
Намерата на овој настан е да се популаризира Здружението, да се презентира Програмата за работа, да се обнови членството и да се разменат информации за тековните предизвици поврзани со лекторската професија, особено во однос на Законот за употребата на македонскиот јазик.