Breaking News

Демонстрации против Владата на Нетанјаху во Ерусалим


Илјадници демонстранти се собраа вечерва пред зградата на израелскиот Парламент во Ерусалим, повикувајќи на предвремени избори и договор со палестинската група Хамас за ослободување на заложниците од Појасот Газа.


Според локалните медиуми, демонстрантите втор ден по ред блокирале голем број клучни автопати и патишта со своите автомобили.


По демонстрациите, на кои треба да зборува новоизбраниот лидер на лабуристите Јаир Голан, демонстрантите планираат да маршираат до резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, пишува „Тајмс оф Израел“.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА