Демир Капија организира натпревари за најдобри вина и ракии и најспретни закројувачи на винови лози. Ова се само дел од настаните што Општината ги има зацртано во рамките на манифестацијата „Недела на традицијата Свети Трифун 2023 Демир Капија”. Меѓу другото, на програмата се и базарот на вино, традиционална велосипедска винска тура, ракотворби и производи од традиционални занаети, закројување на винова лоза.
– Целта на манифестацијата е да се промовираат природните убавини, но и историјата, традицијата и културата на демиркаписка општина. Очекуваме голем број на гости коишто ќе имаат можност да се запознаат со автентичноста на ова поднебје, рече денеска градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров.
Во рамките на манифестацијата, чиј централен настан е на 14 февруари, на верскиот празник „Свети Трифун” кој се смета за заштитник на лозарите и винарите, предвидена е и богата културно-уметничка програма. свд/дма/
Демир Капија, 30 јануари 2023 (МИА)
biznisvesti.mk портал