Делегација на Дипломатскиот клуб – Скопје, составена од претседателот Јован Теговски, потпретседателот Сања Зографска и секретарот Виктор Габер остварила средба со шефот на Дипломатската мисија на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир на која му била врачена донацијата од околу 50 книги и публикации дарувани од страна на членовите на Клубот за кампот за бегалци воВизбегово.
Со тоа, како што се наведува во денешното соопштение, Дипломатскиот клуб активно се вклучил во иницијативата на Делегацијата на Европската унија во Скопје да се за соберат и донираат книги, публикации и друга литература на англиски и француски јазик за потребите на бегалскиот камп Визбегово.
-Во таа пригода Делегацијата на Клубот имаше и размена на мислења со амбасадорот Гир за актуелните меѓународни случувања, особено оние во ЕУ по изборите за Европскиот парламент, како и за перспективите на Северна Македонија за брзо продолжување на пристапните преговори за полноправно членство.
Имајќи предвид дека на амбасадорот Гир наскоро му завршува мандатот во нашата земја, претставниците на Дипломатскиот клуб му врачија пригодна благодарница за досега остварената соработка и поддршката од Делегацијата на ЕУ на активностите на Клубот, наведуваат од Дипломатскиот клуб.
вг/aa/Фото: Дипломатски клуб – Скопје .
Извор: МИА