Пратеникот Небојша Зеленовиќ, од пратеничката група во српскиот Парламент, „Морамо – Заједно“, денеска изјави дека по поставувањето пратенички прашања и барањето информации, опозицијата, која е организатор на протестот „Србија против насилството“, „ќе влезе во блокада на работата на Собранието“Тој нагласи дека „четири месеци власта молчи за барањата од протестот“.
„Секој ден има насилство околу нас. Се понудивме да разговараме во парламентот, купивте време, дури ни гласањето не беше одобрено.
Ние побаравме разговор, а вие понудивте контра митинг“, рече Зеленовиќ на собраниската седница. Тој изјави дека изборите се „излез од кризата“. зш/ .
Извор: МИА