Ако сакате ова лето да уживате покрај сопствен базен или џакузи, сега е правото време да почнете со подготовките. Најнапред треба да решите каде би го поставиле базенот или џакузито, во која форма, дизајн или големина да биде, какви пропратни елементи ќе вклучува. Треба да се испланираат и многу други детали кои ќе го направат уникатен и прилагоден на вашите потреби и желби. Базен е инвстиција која е за цел живот и која е одлично наследство за вашите деца и внуци. Изведбата на базен или џакузи е поделикатна за разлика од други изведби во домот и затоа треба многу да се внимава во изборот на изведувач и во одлуката на кого да ја доверите оваа обврска. Компанијата која што би ја избрале треба да има експертиза и долгогодишна пракса во оваа област. Истражувањето нас не однесе до Пирин Експорт и нејзиниот сопственик, Васил Филипов, кои имаат одлични локални и меѓународни референци кога станува збор за дизајнирање и изведба на базени, џакузи, сауни и комплетни спа центри. Откако ќе ја одберете соодветната компанија, следен чекор е дефинирање на буџет и собирање предлози и понуди. Со тоа веќе сте на пола пат од добивање на базен или џакузи од соништата.
Сега веќе можете да си го замислите летото – убав, сончев ден, свеж воздух и вие како уживате покрај вашиот базен. Дали е тоа утринско пливање во базенот, или вечерно опуштање под ѕвездено небо со чаша вино во џакузи – сè започнува со вистинската желба. Вашиот базен или џакузи е место каде „ќе ги полните батериите“ каде ќе се опуштите и ќе заборавите на стресот и секојдневните нервози. Пирин Експорт е доверлив партнер за комплетна трансформација на домот или викендичката, лидер во СПА индустријата на нашиот пазар. Па ако имате можност не избирајте меѓу базен или џакузи – дозволете си го и едното и другото во еден склоп во надворешниот или внатрешниот слободен простор.

Домот е свето место, и ако во него инвестираме со изведба на базен, сауна или premium хидро-масажни кади, можеме да создадеме дополнителна вредност и опции за уживање.
Нема ништо подобро од смирувачка хидро масажа додека ја слушате вашата омилена музика, радио станица или подкаст.

Џакузито и базенот покрај релаксација имаат и терапевтски цели. Можат да понудат чувство на благосостојба, како и ублажување на болката во мускулите и телото. Одлични се за релаксација, намалување на напнатоста и за поминување на квалитетно време со најблиските.
Во услови кога сме се помалку физички активни, кога имаме се повеќе обврски и стресови, базенот и џакузито во домот може да бидат вистинска алтернатива која ќе придонесе кон нашата благосостојба. Затоа не губете време, не одложувајте повеќе и направете го она што го сакате. 070 393-898 / 071 268-474 info@pirinexport.com.mk
biznisvesti.mk портал