Палестинската Црвена полумесечина денеска соопшти дека започнала евакуацијата на преостанатите пациенти од болницата Ал-Шифа во главниот град на Појасот Газа. Спасувачката служба соопшти дека во болницата пристигнале 14 возила на Итна помош и дека евакуацијата се координира со ОН и Лекари без граници. Израел повикува на евакуација на болницата со …
Повеќе »Србија испрати протестна нота до Амбасадата на Албанија во Белград поради палењето на српското знаме во Тирана
Министерството за надворешни работи на Србија денеска соопшти дека упатила протестна нота до Амбасадата на Албанија во Белград, во која најостро го осудува неприфатливиот чин на палење на државното знаме на Србија на централниот градски плоштад Скендербег во Тирана, објавено на интернет на 20 ноември, јави дописникот на МИА од …
Повеќе »Герапетритис го поздрави договорот за хуманитарна пауза во Газа
– Постигнатиот договор за хуманитарна пауза во Газа и ослободување на заложници ги поздрави министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, кој во писмената изјава истакна дека сега е потребен непречен проток на помош, јави дописничката на МИА од Атина. Герапетритис посочи дека грчката Влада „навремено предложи и итно …
Повеќе »Во Пекинг средба Си – Володин
Кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг се сретна со претседателот на руската Државната дума, Вјачеслав Володин. Руската делегацијата предводена од Володин ќе престојува во Кина до 23 ноември. Претседателот на Државната дума истакна дека благодарение на односот помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и Си, Русија и Кина „денес не се …
Повеќе »Макрон го поздрави договорот меѓу Израел и Хамас: Неуморно работиме за да гарантираме дека сите заложници ќе бидат ослободени
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го поздрави објавувањето на договорот за ослободување на заложниците на Хамас и хуманитарното примирје меѓу Израел и палестинската исламистичка групација. „Неуморно работиме за да гарантираме дека сите заложници ќе бидат ослободени. Објавеното хуманитарно примирје треба да овозможи испорака на помош и укажување помош за жителите …
Повеќе »Папата Франциск за конфликтот меѓу Израел и Хамас: Ова веќе не е војна, туку тероризам
Папата Франциск денеска одвоено се сретна со израелските роднини на заложниците кои ги држат Хамас и Палестинците со семејствата во Газа и рече дека конфликтот отишол подалеку од војната и станал „тероризам“. Состаноците и коментарите на папата дојдоа неколку часа откако израелската Влада и Хамас се согласија за прекин на …
Повеќе »Во операција на израелската армија во Западен Брег убиени шест лица
– Најмалку шест лица загинаа при операција на израелската армија во Тулкарем, во северниот дел на Западниот Брег, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство. Сè уште не е познато дали загинатите се припадници на екстремистички групи. Безбедносната ситуација на Западниот Брег, окупиран од Израел, се влоши откако Хамас на 7 …
Повеќе »Големи шумски пожари во северниот дел на Боливија
Боливија се справува со огромните пожари кои го зафатија северниот дел на земјата. Властите соопштија дека пожарот зафатил околу 30. 000 квадратни километри од боливискиот дел на Амазон. Ширењето на пожарот го фаворизираат топлотните бранови кои ќе продолжат и во наредните денови. Според Министерството за заштита на животната средина, овој …
Повеќе »Коен: Утре би требало да почне ослободувањето на заложниците
– Шефот на израелската дипломатија Ели Коен изјави дека процесот на ослободување на заложниците од Појасот Газа ќе почне утре. Вкупно 50 заложници ќе бидат ослободени во текот на четиридневното примирје, според договорот постигнат помеѓу Хамас и Израел. Коен наведе дека првата група заложници ќе биде ослободена утре, но не …
Повеќе »Врховниот суд во Пакистан го прифати барањето за кауција на притворениот поранешен премиер Имран Кан
Врховниот суд на Пакистан денеска го прифати барањето за кауција од притворениот поранешен премиер Имран Кан, изјави неговиот адвокат Наем Панџута, еден ден откако друг суд го прогласи за незаконско судењето на поранешниот премиер под обвинение за оддавање државни тајни во текот на премиерскиот мандат од 2018 до 2022 година. …
Повеќе »
biznisvesti.mk портал