Главниот претставник на ОН за хуманитарна помош, Мартин Грифитс, денеска предупреди дека уривањето на браната Каховка уште повеќе ќе им го отежне животот на Украинците. Потсекретарот Грифитс изјави дека на дури 700. 000 лица им е потребна вода за пиење. Тој, исто така, стравува дека поплавите ширум областа може да …
Повеќе »Пет работници погинаа во фабрика за експлозиви во Анкара
Пет работници загинаа во експлозија во фабрика за ракети и експлозиви во предградието на Анкара, соопшти турското Министерство за одбрана. До експлозијата дошло рано утринава во областа Елмадаг, на периферијата на Анкара. Причината за експлозијата се уште не е позната. сд/фото: Анадолија . Извор: МИА
Повеќе »Тројца загинати и 10 повредени лица во руски напад со дрон врз Одеса
Три лица загинаа, а најмалку 10 се повредени во денешниот утрински напад со дрон на руските сили врз украинскиот регион Одеса, јави украинската Јужна команда. Во нападот била погодена висококатница, предизвикувајќи пожар што е изгаснат. Експлозивниот бран ги оштетил и околните станбени згради. Руските сили користеа беспилотни летала од иранско …
Повеќе »Волстрит журнал: Саботерите ја користеле Полска како база за нападот на гасоводот во Балтичко Море
Германските иследници истражуваат доказен материјал што сугерира дека диверзантите на „Северен тек“ ја користеле Полска како база за напад на гасоводи во Балтичкото Море. Германските истражители целосно го реконструирале двонеделното патување на јахтата „Андромеда“, долга 15 метри, за која постои сомнеж дека била користена во саботажата на гасоводот со кој …
Повеќе »Деветмина ранети во вооружен напад во Сан Франциско, пукано од возило во движење
Полицијата во Сан Франциско соопшти дека ноќеска биле ранети девет лица во округот Мисион, откако врз нив било пукано од возило во движење. Пукањето се случило околу 21 часот по локално време. „Можеме да потврдиме дека има девет ранети во престрелката и се очекува сите да преживеат. Во моментов се …
Повеќе »Колумбиската влада и герилците од ЕЛН во Хавана потпишаа договор за прекин на огнот
Колумбиската влада и левичарските бунтовници на Националната ослободителна армија (ЕЛН) потпишаа во Хавана привремен шестмесечен договор за прекин на огнот. Договорот за „национален и привремен билатерален прекин на огнот“, според кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез, е потпишан во присуство на колумбискиот претседател Густаво Петро и лидерот на ЕЛН, …
Повеќе »Екстремистите на групата Ал Шабаб нападнаа ресторан во Могадишу и убија седум лица, војската ги елиминира терористите
Екстремистите одгрупата Ал Шабаб ја презедоа одговорноста за нападот врз ресторан во Могадишу, главниот град на Сомалија, во кој загинаа најмалку седум лица. Нападот на популарниот ресторан во хотел на плажа се случи вчера во раните утрински часови. „Безбедносните сили успешно ги неутрализираа милитантите на Ал Шабаб кои беа одговорни …
Повеќе »Средба Кан – Мадуро: Меѓународниот кривичен суд отвора канцеларија во Венецуела за да истражува можни злосторства
Меѓународниот кривичен суд (МКС) отвора канцеларија во Венецуела, изјави вчера обвинителот Карим Кан, по состанокот со венецуелскиот претседател Николас Мадуро. МКС ќе истражува во Венецуела можни злосторства против човештвото. МКС се надева на „поблиска соработка“ со Венецуела и ќе помогне во спроведувањето на судските реформи, гарантирајќи „повеќе правда“ во јужноамериканската …
Повеќе »Четирите деца, исчезнати во авионска несреќа во Колумбија од пред пет недели, пронајдени живи во џунглата
Четирите деца од домородна заедница во Колумбија се пронајдени живи на југот на земјата по повеќе од пет недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла, изјави вчера колумбискиот претседател Густаво Петро. Децата биле спасени од војската во близина на границата меѓу колумбиските провинции Какета и Гуавијаре, …
Повеќе »Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе оставка на функцијата пратеник во параментот
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата пратеник во Парламентот, што веднаш стапува на сила. Џонсон се бореше за својата политичка иднина со парламентарна истрага за тоа дали го довел во заблуда Долниот дом кога рече дека се почитувани сите правила воведени поради Ковид-19. Комитетот за привилегии на …
Повеќе »