12/03/2026

СВЕТ

Два воза се судрија во метрото во Њујорк, најмалку 24 повредени

Најмалку 24 лица се полесно повредени вчера во Њујорк кога два воза на метрото се судрија и еден од возовите излета од шините. Три линии од разгранетата мрежа на едно од најстарите метроа во светот беа затворени, а северозападниот дел на главниот остров на мегаполисот, областа Апер Вест Сајд на …

Повеќе »

Турк вознемирен од повикот на израелските власти Палестинците да ја напуштат Газа

Шефот на Обединетите нации за човекови права, Фолкер Турк, изјави дека е „многу вознемирен“ од изјавите на високите израелски претставници кои ги повикуваат Палестинците да ја напуштат Газа. “Многу сум вознемирен од изјавите на високи израелски функционери за плановите за префрлање на цивили од Газа во трети земји“, напиша Турк …

Повеќе »

Убиен шестоодделенец во пукање во училиште во Ајова, напаѓачот се самоуби

Шестоодделенец загина, а петмина се ранети кога тинејџер пукал во училиште во Ајова. Осомничениот е 17-годишниот Дилан Батлер, средношколец во градот Пери. Осомничениот, Батлер бил пронајден мртов од полицајците со самонанесена прострелна рана. При претресот на училиштето, потоа била откриена импровизирана експлозивна направа, која била деактивирана од пиротехничари. Пукањето се …

Повеќе »

Задоволството на граѓаните од канцеларот Шолц на рекордно ниско ниво

Популарноста на германскиот канцелар Олаф Шолц падна на рекордно ниско ниво, покажа вчера објавената анкета. Во истражувањето на јавното мислење на АРД/Инфратест, само 19 отсто од испитаниците биле задоволни од социјалдемократскиот премиер. Ова е еден процентен поен понизок од декември и најлош рејтинг за канцелар од 1997 година. Намалување на …

Повеќе »

Њујорк ги тужи автобуските компании за транспорт на мигранти од Тексас

Њујорк тужи 17 автобуски компании за транспортирање на повеќе од 33 илјади мигранти во Њујорк од Тексас, како дел од кампањата на републиканскиот гувернер на Тексас да ги депортира луѓето кои илегално ја минуваат американско-мексиканската граница. Градот бара 708 милиони долари, за кои тврди дека се трошоците за обезбедување засолниште …

Повеќе »

Израел објави повоен план за Газа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант синоќа ги претстави предлозите за идното управување со Газа по завршувањето на војната меѓу Израел и Хамас, јави Би-Би-Си. Според него, палестинската власт ќе биде ограничена на таа територија. -Хамас повеќе нема да ја контролира Газа, а Израел ќе ја задржи севкупната безбедносна контрола, …

Повеќе »

Началникот на ГШ на израелската армија формираше истражен тим за околностите за нападот на Хамас на 7 октомври

Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал полковник Херзи Халеви, формираше тим составен од поранешни воени функционери кои ќе ги испитаат пропустите на војската што доведоа до нападот на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври врз јужен Израел. Во истражниот тим, меѓу другите, ќе бидат и поранешниот началник на …

Повеќе »

Десет деца загинаа во израелски напад во безбедна зона во Газа

  Во израелски напад на југот на Појасот Газа, во област која израелската армија ја прогласи за безбедна зона, според извори блиски до палестинската болница, загинаа 12 лица, главно деца. Погодена е куќа во Муваси, мала рурална област во јужниот дел на Газа долж брегот на Средоземното Море. Израелската армија …

Повеќе »

Бела куќа: Северна Кореја и обезбедила на Русија балистички ракети и лансирни рампи

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека трансферот на оружје на Северна Кореја во Русија е „значајна и вознемирувачка ескалација“ и додаде дека САД ќе воведат дополнителни санкции против оние кои ја олеснуваат продажбата на оружје. . Извор: МИА

Повеќе »

Анкета: Една четвртина од Американците веруваат дека ФБИ го поттикнало нападот врз Капитол на 6 јануари

  Дваесет и пет проценти од Американците велат дека е „веројатно“ или „дефинитивно“ точно дека ФБИ го поттикнало нападот врз Капитол на 6 јануари 2021 година, според новата анкета на Вашингтон пост на Универзитетот во Мериленд. Анкетата на Post-UMD открива дека 11 проценти од јавноста смета дека има „цврсти докази“ …

Повеќе »