Breaking News

ЛОКАЛНО

Костадиновска-Стојчевска: Општина Охрид да ја преиспита изградбата на објект во Лагадин, до конечната одлука таму да нема активности

Националната комисија за УНЕСКО денеска на седница донесе заклучок на Општина Охрид да ѝ се препорача повторно да ги разгледа активностите поврзани за изградба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско …

Повеќе »

Градоначалникот на Крива Паланка им го честиташе празникот на неколку жени пензионерки кои работеле како бабици, воспитувачки и учителки

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски денеска лично им го честиташе Меѓународниот ден на жената на неколку жени пензионерки кои работеле како бабица, воспитувачка, учителка и професорка. – Со посебна почит денес им укажав посебна чест на моите почитувани сограѓанки: Благица бабица, воспитувачка Бубе, учителка Рада и мојата класна, …

Повеќе »

Без вода утре дел од булеварот „АСНОМ“

Поради замена на затварач (шибер) на булеварот „АСНОМ“ 12, утре со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на бул. „АСНОМ“ од број 4 до број 20. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на дефектот. дма/бак/ Фото: МИА …

Повеќе »

ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ФОНДАЦИИ ГОДИНАВА СО ПОСЕБЕН АКЦЕНТ НА ПРОЕКТИ КОИ ГИ ВКЛУЧУВААТ ЕДНАКВИТЕ МОЖНОСТИ

Општина Битола го објави јавниот повик за поддршка на проекти и програмски активности на граѓански организации и фондации, во кој годинава се става посебен акцент на еднаквите можности на мажите и жените. Во овој контекст, покрај добриот организациски капацитет, влијанието врз целните групи, одржливоста и соодветно изразените активности во буџетот, …

Повеќе »

Утре во Битола од 9 до 13 часот времен режим на сообраќајот во градот

СВР-Битола информира дека утре во времето од 9:00 до 13:00 часот, а по повод одбележувањето на годишнина од Холокаустот на подрачјето на Општина Битола ќе се спроведе времен режим на сообраќај на одредени реони во градот. Заради непречено спроведување на активности предвидни на неколку локации во градот, сообраќајот ќе се …

Повеќе »

Село Драчево од 10 часот без вода

Корисниците од село Драчево денеска од 10 часот нема да имаат вода. Како што информира ЈП Водовод и канализација – Скопје, причината е уличен дефект Ф80мм. на улицата „Методија Патчев“ 20. Прекинот ќе трае до санирање на дефектот. мч/дма/ фото: МИА архива

Повеќе »

Без вода дел од корисниците на улица „Божидар Аџија“

Поради изведување на водоводен приклучок од стара на нова мрежа ф2 на улицата „Божидар Аџија“, раскрсница со „Димо Хаџи Димов“, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на оваа улица, информираат денеска од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што се појаснува во соопштението, водоснабдувањето ќе биде прекинато …

Повеќе »

199 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (07.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 199 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час …

Повеќе »

Изложба на тема „Цртам за мојата мајка“ во Детскиот културен центар „Карпош“

Во Детскиот културен центар „Карпош“ денеска ќе биде отворена изложба на цртежи и честитки со тема „Цртам за мојата мајка“, изработени од деца од детските градинки од Градот Скопје. – Изложбата се одржува по повод 8 март – Денот на жената и е дел од музичко креативниот настан „Играм и …

Повеќе »

Улица „Коста Кирков“ денеска без вода

Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-2“ на крстосницата Коста Кирков/Аминта Трети, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица „Коста Кирков“, јавува Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со работните активности. сх/ев/ Фото: МИА архива

Повеќе »