11/03/2026

ЛОКАЛНО

„Семеен фестивал“ во организација на меѓународните училишта НОВА

Меѓународните училишта НОВА денеска од 11 до 15 часот во училишниот кампус ќе организираат добротворен настан „Семеен фестивал“. Собраните средства од настанот ќе бидат наменети за невладината организација „Да шириме љубов“, која работи со социјално загрозени семејства од Кумановскиот Регион. Се работи за традиционален и најголем годишен настан на НОВА …

Повеќе »

Нема одлагање на државната матура, синдикатот на ДИЦ го стави штрајкот во мирување

– Државната матура ќе се спроведе во утврдените термини – на 27 мај и 10 јуни. Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) вчера одлучи штрајкот за повисоки плати, почнат пред речиси три недели, да го стави во мирување во интерес на матурантите. Одлуката ја донел зашто смета дека со вклучување …

Повеќе »

Дефиле на велосипедисти и мотоциклисти за подигнување на свеста за нивна безбедност

Под мотото „Јас внимавам и безбедно возам“ денеска ќе се одржи дефиле на велосипедисти и мотоциклисти, на кое е најавено учество на преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти со цел подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите. Организаторите информираат дека дефилето за велосипедистите започнува во 11:00 часот …

Повеќе »

Османи во БиХ: ОБСЕ обезбеди поддршка за деминирање во околината на Мајевица

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во улога на претседавач со ОБСЕ денеска на Центарот за отстранување мини на Босна и Херцеговина му донираше две специјализирани возила за деминирање, што ќе работат на отстранување на неексплодираните боеви средства од околината на Мајевица, заостанати од војната 1992-1995. -Овие специјализирани возила се …

Повеќе »

Средба Маричиќ-Беслими: Заедно сме на европскиот пат, кон подобра иднина

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со првиот вицепремиер за европска интеграција, развој и дијалог на Косово, Бесник Беслими, на која, како што информираат од СЕП, беа потврдени одлични пријателски односи на двете земји, како и потребата од продлабочување на соработката, особено во делот на евроинтеграциите …

Повеќе »

ЈО: Истрага за две лица поради „служба во непријателска војска“

Во синхронизирана полициска акција денеска во раните утрински часови во Скопје и во Република Франција лишени се од слобода тројца македонски државјани, од кои двајца во Скопје и едно лице во Франција, поради основано сомневање дека сториле кривично дело „служба во непријателска војска“, известуваат од Јавното обвинителство. Лицата се осомничени …

Повеќе »

Уставен суд оформи 11 нови предмети по претходно поднесени иницијативи од граѓани

Во периодот од 1 до 20 април Уставен суд оформи 11 нови предмети по претходно поднесени иницијативи од граѓаните. Како што се наведува во соопштението на Уставен суд, сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во …

Повеќе »

МАЕИ со сопствена листа во Пустец, во други општини нејзини кандидати на листите на СП

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ на неделните локални избори своја советничка листа има само во Пустец, а во други градови нејзини кандидати се на листите на владејачката Социјалистичка партија. – Во општина Пустец настапуваме со наша кандидатска листа за 15-члениот општински совет. Носител на …

Повеќе »

Библиотеката „Искра“ од Кочани беше домаќин на државниот натпревар „Млади библиотекари“

– Во организација на Библиотекарското здружение на Македонија денеска во општинската библиотека „Искра“ од Кочани се одржа државниот натпревар „Млади библиотекари“, на кој учествуваа 26 ученици кои победиле на општинските натпревари. Целта на натпреварот е да се промовира библиотекарската дејност и да се популаризира читањето книги меѓу младите. Учесниците решаваа …

Повеќе »

Обвинителството најавува жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

Откако ќе ја добиеме пресудата во законскиот рок ќе вложиме жалба. Се надевам дека Апелацискиот суд Скопје, кој е надлежен да одлучува по жалбата, ќе донесе правилна и законита одлука, изјави јавниот обвинител, Стевчо Дончев по ослободителната пресуда за случајот „Тендери“. Откако Судот пресуди дека поранешната министерка за култура, Елизабета …

Повеќе »