17/03/2026

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Србија гради национална фабрика за вештачка интелигенција – прва на Балканот

Кога српската служба за ИТ и е-влада потпишаa договор вреден 50 милиони евра за купување на суперкомпјутери минатата недела со француската компанија Bull SAS (дел од Eviden Growth), се чинеше дека веста остана незабележана. Според тоа, поголемиот дел од општеството, како во Србија, така и во цела Европа, немало можност …

Повеќе »

(ВИДЕО) Како изгледаше летот со женскиот екипаж во ракетата на Џеф Безос

  Ракетата „Њу шепард“, произведена од компанијата на милијардерот Џеф Безос, „Блу ориџин“, со женска екипа, слета во Тексас по 11 минути каде што ги пречека тим кој ќе им помогне да закрепнат. Шестчлената женска екипа, ја вклучуваше и поп-ѕвездата Кети Пери и партнерката на Безос, Лорен Санчез, водителката Гејл …

Повеќе »

Google Street View повторно на улиците на Северна Македонија

Автомобилите на Google Street View оваа пролет се враќаат во Северна Македонија. Во наредниот период ќе се движат по јавните патишта низ државата, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Охрид и Струмица. Целта на ова возење е да се ажурираат фотографиите на …

Повеќе »

Општина Карпош издвои парични средства од 1.000.000 денари за фотоволтаични панели за основните училишта

Општина Карпош континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија на својата територија, водејќи грижа за комфорот и условите за престој на децата во детските градинки и основните училишта. Во таа насока, минатиот викенд започна поставувањето на фотоволтаични панели во општинските основни училишта „Војдан …

Повеќе »

Објавена „Час по незадолжителна лектира“ од Мојсова-Чепишевска – прва книга за македонскиот роман во 21. век

Неодамна, книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави книгата „Час по незадолжителна лектира“ од универзитетската професорка Весна Мојсова-Чепишевска. Станува збор за прва книга з македонскиот роман во 21. век и за издание со иновативна структура што е прво од ваков формат објавено кај нас. Претходно, во оддена монографска публикација претставени беа критичките …

Повеќе »

Вечерва премиерно ќе биде презентиран „Умниверзум“, бесплатниот AI-тутор по математика

Вечерва од 18:30 на големата сцена во Театар Комедија ќе се одржи шестиот настан од серијалот „Од Креативност до Кариера“, посветен на една од најрелевантните теми на денешницата: „AI & YOU“, односно на улогата на вештачката интелигенција во образованието, кариерата и личниот развој. На настанот премиерно ќе биде презентиран „Умниверзум“, …

Повеќе »

ФЕИТ ги отвори вратите на идните студенти

Годишното претставување на студиските програми, обиколка на лабораториите, дискусии и опуштено дружење го карактеризираа овогодинешниот отворен ден на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Според известувањето од Факултетот, лабораториите беа разгледани преку познатата интерактивна игра Scavenger HUNT. Деканот на ФЕИТ, проф. д-р …

Повеќе »

Бела куќа: САД не смеат да зависат од Кина за полуспроводници, смартфони и лаптопи

Американскиот претседател, Доналд Трамп, недвосмислено порача дека Соединетите Американски Држави не можат да се ослонуваат на Кина за изработка на критични технологии, како што се полупроводници, чипови, паметни телефони и лаптопи. Оваа информација беше објавена од страна на Белата куќа, откако овие артикли беа изземени од зголемените тарифи. Керолајн Левит, …

Повеќе »

Македонски тимови од СТЕМ Академијата освоија првите три места на Олимпијадата по роботски спортови на Крит

Македонски ученици од СТЕМ Академијата триумфираа на глобалната Олимпијада за роботски спортови која се одржа на грчкиот остров Крит. Тие ги освоија првото, второто и третото место во категоријата петобој арена, каде што робот со автономно движење требаше да реализира одредена задача во времетраење од четири минути, извести дописничката на …

Повеќе »

14 GW енергија само од воздух – Германија го завршува најголемиот проект во својата историја

Германија е несомнено меѓу водечките земји во Европа кога станува збор за иницијативите за зелена енергија. За тоа сведочат неодамнешните 14 гигавати (GW) ветерна енергија што земјата ги додава. Проектот, за кој се разговара, ќе стане најголемиот од ваков вид во историјата на Германија. Економијата ефективно планира тројно да го …

Повеќе »