Breaking News

Бура прекина музички фестивал во Словачка


– Најмалку 15 луѓе се полесно повредени во невремето што ја зафати западна Словачка и прекинат е музичкиот фестивал „Похода“. Сите повредени присуствувале на музичкиот фестивал во градот Тренчин.


Организаторите на фестивалот соопштија дека го откажуваат фестивалот поради оштетувањата на објектите. Тие ги евакуираа гледачите со автобуси во различни градови во областа.


Фестивалот „Похода“ првпат е организиран во 1997 година, а посветен е на различни видови музика, а учествуваат локални и странски уметници.

„Похода“ годинава требаше да трае три дена и на него да присуствуваат речиси 30. 000 луѓе. ми/фото: Икс .


Извор: МИА