Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ќе се сретне со претставници на НАТО и на ЕУ за итно да разговараат за зголемување на поддршката за Украина пред Доналд Трамп да се врати во Белата куќа – што потенцијално може да ја загрози идната помош.
Во еднодневната посета на државниот секретар ќе се сретне со шефот на НАТО Марк Руте, шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, неговата наследничка Каја Калас и министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига.
Вонредното патување доаѓа откако изборната победа на Трамп, заедно со политичката криза во Германија, ги зголемува стравувањата за иднината на помошта за Украина во клучна точка во борбата против руската инвазија.
зш/ .
Извор: МИА