Breaking News

Без вода дел од жителите на Општина Аеродром


 Без вода денеска се дел од корисниците лоцирани на булеварот „Дванаесетта македонска бригада“ и улицата „Мите Богоевски“ во Општина Аеродром.


Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради дефект ф-80 мм на булеварот „Дванаесетта македонска бригада“ 12а.


 Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. мд/са/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА