18/04/2025

Без вода дел од Капиштец


Прекин во водоснабдувањето денеска од 11:30 часот имаат дел од корисниците од улицата „Козара“ во скопската населба Капиштец.


Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање дефект ф-80 милиметри на улицата „Козара“ број 18.


Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на работите за отсранување на дефектот. мд/сп/