27/04/2025

„Back to business – Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“ – првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје


„Back to business: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“, е насловот на првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ што ќе биде одржана денеска во Скопје Конференцијата ќе ја отворат премиерот Христијан Мицкоски и Јелисавета Лазаревиќ, директорка за содржина на „Блумберг Адрија“.


– Колкав е потенцијалот за раст на Македонија, каков квалитет треба да има тој раст и кој ќе го движи во иднина? Од што ќе биде условен? Како да го одржуваме долгорочно? Дали реалниот сектор држи чекор со напредокот на финансискиот сектор и како иновациите и технолошкиот напредок создаваат нова слика на овој простор?, се дел од темите за кои ќе се дискутира на конференцијата, соопшти „Блумберг Адрија“.


са/Фото: „Блумберг Адрија“   .

Извор: МИА