Во Ноември 2025 година во Младинскиот Културен Центар во Скопје, ќе се одржи седмото издание на фестивалот Андерфест. Досега сите изданија на фестивалот беа извонредни. Одличниот избор на артисти привлекува разновидна публика која ужива во настапите на своите омилени бендови.
Денеска фестивалот АНДЕРФЕСТ го најави и нивното седмо издание во ноември 2025 година.
Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која ќе покаже дека е одлична, велат организаторите на Андерфест.
Наредната година фестивалот повторно ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) и на него ќе земат учество шест македонски бендови кои на сцената ќе ги докажат своите музички перформанси и ќе се мотивираат да продолжат да креираат нови музички дела.
Андерфест фестивалот веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува единствен фестивал кај нас што е целосно посветен на младите актуелни музичари.
Андерфест фестивал отиде скалило подалеку и го обезбеди своето место на мапата на фестивали посветени на македонски авторски бендови. Со нетрпение очекуваме да дојде наредното седмо издание на фестивалот. Дотогаш слушајте и поддржувајте македонски бендови.