28/03/2025

Американските демократи отворија онлајн портал за свиркачи во федералните агенции


Демократите во американскиот Сенат, кои се борат против дејствијата на Доналд Трамп насочени кон федералните агенции, денеска отворија онлајн портал за свиркачи.


Демократите напишаа јавно писмо до државните службеници и другите јавни службеници во кое ги информираа за портал за пријавување прекршоци, злоупотреба на овластувањата и закани по јавната безбедност.


Порталот бара внесување име, организација, е-пошта и природата на жалбата, вклучувајќи одмазда, расипничко трошење, измама и криминални активности. мс/фото: „Пиксабеј“ .

Извор: МИА