Breaking News

Американскиот сенатор Боб Менендез поднесе оставка


Американскиот сенатор Боб Менендез поднесе оставка откако претходно синоќа етичкиот комитет на американскиот Сенат го направи првиот чекор за ревизија што може да доведе до негово исклучување од Сенатот.


Оставката на Менендез ќе стапи на сила на 20 август.


Сенаторот Менендез претходно се спротивстави на повиците за оставка, вклучително и од гувернерот на Њу Џерси, неговата родна држава, и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, откако беше осуден за 16 кривични дела, вклучително и поткуп, пред федералниот суд во Њујорк.

мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА