Breaking News

Алејник: Минск е подготвен да биде домаќин на преговорите за решавање на украинскиот конфликт


Минск е отворен да биде домаќин на преговорите за решавање на украинскиот конфликт, изјави белорускиот министер за надворешни работи Сергеј Алејник.


-Сметаме дека причините за почетокот на овој конфликт се сложени. Знаеме сигурно дека целата оваа ситуација прво беше започната, а сега се вжештува, и тоа однадвор.


Тоа го прават оние кои имаат директна корист од тоа, изјави Алејник по средбата со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, пренесоа руските медиуми.

Алејник додаде дека сите останати само стојат на страна. -Како резултат на тоа, илјадници луѓе, вклучително и цивили, умираат. Милиони луѓе станаа бегалци, додаде тој.


Алејник нагласи дека „ставот на Минск не е променет – убиствата треба да се прекинат и да почнат преговори“. -Во моментов од наша страна сме подготвени да помогнеме.

Минск е отворен за преговори, нагласи шефот на белоруската дипломатија. сд/фото:ЕПА .


Извор: МИА