Депопулацијата на Албанија се одразува и со драстичен пад на бројот на ученици, како во основното така и во средното образование, а со тоа и на бројот на матуранти.
Оваа учебна година, средното побразование го завршуваат вкупно 30 илјади матуранти, бројка која е многукратно помала во однос на последните пет години. -Во 2018 година нивниот број бил околу 37 илјади.
Во 2019 година овој број се намалил на 35.
400, додека годинава оваа бројка опадна уште повеќе и достигна 30 илјади матуранти, односно околу три илјади матуранти помалку споредено со минатата учебна година, јави Ора њуз.
На почетокот на учебната 2022/2023 година бројот ученици во основното образование беше помал за 16. 000, во предметна настава на основното образование 24. 000, а во средното образование 14.
000 ученици, во споредба со пред пет години. вт/ссм/Фото: Министерство за образование на Албанија .
Извор: МИА