Breaking News

АИ: Затвореници во Ирак наводно поврзани со ИСИЛ биле подложени на брутално мачење


– Амнести Интернешнал соопшти дека Ирачаните обвинети за припадност на ИСИЛ се соочуваат со тортура, малтретирање и присилно исчезнување откако биле затворени во Центарот за рехабилитација на заедницата Ал-Џада во северен Ирак.


Во својата истрага, организацијата документирала случаи на осум лица (седум мажи и една жена) кои биле уапсени и затворени во Центарот Ал-Џада во текот на 2023 и 2024 година.


Седум од нив претрпеле тортура и други форми на малтретирање.

Организацијата навела дека мачењето вклучувало тепање, електрошокови, принудување да стојат во болни позиции, насилно потопување во вода и ставање пластична кеса над главата за да се отежне дишењето.


Роднините на затворениците рекоа дека на нивните тела имало јасни знаци на тортура, како што се скршени прсти и изместени рамења.

Според организацијата, многу Ирачани биле префрлени во центарот Ал-Џада од кампот Ал-Хал во североисточна Сирија, каде што десетици илјади луѓе се незаконски затворени поради нивните наводни врски со ИСИЛ.


Од 2021 година, околу 9,500 луѓе се вратиле во Ирак од кампот Ал-Хал.

Ирачките власти размислуваат за зголемување на операциите за враќање на Ирачаните од кампот Ал-Хал, во кој се проценува дека има повеќе од 18,000 луѓе, така што повеќето од нив би можеле да бидат префрлени до крајот на 2027 година.


јт/ .

Извор: МИА