АД ЕСМ вчера произведе 19.254 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.
При тоа, како што велат, во термоелектраните се произведени 13.763, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 5.491 мегават часови електрична енергија.
-Во изминатото деноноќие АД ЕСМ продаде 330 мегават часови ноќни вишоци електрична енергија, посочуваат од Владата.вј/са/